Средба Шахпаска-Саити: Црвениот крст е наш партнер во заложбите за помош и поддршка на најранливите
Од страна на Црвениот крст беа посочени нивните активности кои се во доменот на асистенција на ранливите групи на население. Како што се, активности за одговор на предизвици настанати од КОВИД 19, соработка во делот на лична асистенција на лица со попреченост и нега на стари лица и лица со попреченост, социјализација на деца и млади со попреченост, помош за мигранти, бегалци и баратели на азил, помош на деца на семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.
На средбата се разговарало и за реалните можности за развој и реализација на заеднички проекти одобрени од МТСП, а финансирани од европски програми, австрискиот Црвен крст и во соработка со меѓународни организации.
Министерката Шахпаска изразила подготвеност за продолжување на заедничката соработка и во иднина и исполнување на заедничките приоритети, помош и поддршка на ранливите категории на граѓани.