Судот ги ослободи од обвинение докторите од Онкологија Нино Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновска

Кривичниот суд Скопје утрово ги ослободи од обвинение доктор Никола Васев, екс директор на Клиниката за онкологија, доктор Игор Стојковски онколог од истата клиника, како и докторката Марија Симоновска, пренесе Слободен печат.

Тие се ослободени од обвинение во врска со случајот на пациентот Томо Ристовски односно не се виновни за несовесно работење во службата и за несовесно лекување болни.

Семејството на пациентот ќе ја обжали пресудата, а обвинението беше покренато од страна на јавното обвинителство Скопје. Обвинителството тврдеше дека пациентот Томо Ристовски не добивал терапија во периодот од неколку месеци во 2018 година на Онкологија по што починал.

Судот пресуди дека лекарите не се виновни за кривични дела.

Back to top button
Close