Свечено отворање на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото”

– Петтото издание на Фестивалит за балкански и медитерански филм „Преку езерото” свечено ќе биде отворен вечер од 20 часот во амфитеатарот во Стар Дојран.
Прв филм од официјалната селекција кој ќе се прикаже пред публиката од 21 часот е „Држи се за мене” во режија на Мирсини Аристиду.
На програмата во официјалната селекција се избрани шест филмови и сите ќе бидат прикажани пред посетителите во Стар Дојран.
Годинашното издание на фестивалот за првпат се оддржува во три града: Дојран, Струмица и Гевгелија.






