Тајланд: Угостители измамници осудени на 1.446 години затвор

 Суд во Тајланд осуди двајца сопственици на ресторан на 1.446 години казна затвор, поради измами околу нарачките на храна.

Апичарт Боворнбанчарак и Прапасорн Боворнбанчарак биле уапсени откако стотици луѓе се пожалиле на измама.

Имено, минатата година ресторанот за морски плодови „Лаемгејт“ почнал со интернет-промоција за плаќање на нарачана храна однапред. Скоро 20.000 луѓе нарачале со ваучери во вкупна вредност од 1,6 милиони долари…

Сепак, компанијата подоцна објавила дека не може да одговори на побарувачката и ја затворила понудата. Луѓето платиле, а не ги добиле нарачките.

Сопствениците се обвинети за измама и манипулации со лажни рекламни пораки.

Back to top button
Close