Тачи смета дека Заев со оставката придонесува за дестабилизација на земјата

Мендух Тачи од ДПА вечерва во студиото на ТВ21 кажа дека со оставката, Заев придонесува за дестабилизација на земјата.

„Сите коалициски партнери имаме договор со Заев. Несериозно е од негова страна. Имаме сериозни предизвици пред нас. Заев е лидер кој покажа дека може да ги води процесите напред. Да, ние имаме 61 пратеник, но реков дека тоа е опасно за државата. Треба силна влада. Се подготвуваат црни сценарија, затоа е важно да имаме стабилна влада.“, рече Тачи.

 

Back to top button
Close