Тесен пораз на македонските шахисти од Полска, дамите ја совладаа Јужна Африка

По трите последователни победи на 45. Олимпијада во шах, македонската машка репрезентација претрпе вечерва тесен пораз од Полска со 1.5-2.5 во рамки на 8 коло, додека дамите по серијата од три ремија забележаа победа над Јужна Африка со 2.5 – 1.5.

Во пресметката со силниот полскиот состав, Тони Лазов продолжи со одличните игри на олимпискиот турнир во Будимпешта и забележа победа на втората табла. Емил Ристески ремизираше на четвртата, додека Евгени Романов и Никола Николовски претрпеа порази.

Женската шаховска репрезентација на Македонија до триумфот над Јужна Африка дојде со победите на Моника Стојковска и Моника Жежовска на првата и третата табла со црни фигури. Ивана Манова ремизираше на втората табла, додека Леа Ефтовска претрпе пораз на четвртата табла.

Утревечер на програмата е деветтото коло, а олимпискиот турнир ќе биде затворен в недела.

Back to top button
Close