Трамп би сакал да избегне воведување царини за Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека би сакал да избегне воведување царини за Кина, што изгледа ако пресврт од неговите претходни ветувања дека ќе воведе царини кон најголемиот американски економски ривал.

President Trump signed an executive order related to the oil pipeline industry in the Oval Office on January 24.

Тој, во синоќешното интервју на „Фокс њуз“ дали би можел да се договори со кинескиот претседател Си Џинпинг за Тајван и за трговијата, истакна дека „може да го направи тоа бидејќи САД имаат ресурси, имаат царини“, но оти би сакал да не ги воведе.

– Имаме голема моќ над Кина, тоа се царините и тие не ги сакаат, а јас не би сакал да ги користам. Но, тоа е голема моќ над Кина, посочи Трамп.

Тој по преземањето на функцијата изјави дека од 1 февруари би можеле да стапат во сила царините од 10 отсто за кинескиот увоз.

Back to top button
Close