Трамп најави мерки против Колумбија
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара воведување царини, визни ограничувања и други мерки кон Колумбија, откако Богота не дозволи слетување на два лета со илегални мигранти депортирани од САД.
Трамп на платформа „Трут сошл“ (Truth Social) објави дека одлуката на колумбискиот претседател Густаво Петро ја „загрозува“ националната безбедност на САД.
Претходно, Петро објави дека „САД не можат да ги третираат колумбиските мигранти како криминалци“, додавајќи оти Вашингтон треба да смисли протокол што ќе овозможи „достоинствено да се третираат мигрантите“.