Трамп осуден за силување Во соблекувална во стоковна куќа нападнал писателка

Федералната порота во Менхетен денеска донесе одлука дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп сексуално ја нападнал писателката Елизабет Џин Керол во соблекувална на луксузна стоковна куќа во пролетта 1996 година.

Поротата го прогласи за виновен во граѓанската тужба што Керол ја покрена против него за сексуален напад.

Керол, исто така, го тужеше Трамп за клевета поради неговата изјава од 2022 година со која ги негираше нејзините наводи.

Поротата составена од шест мажи и три жени нареди Трамп да и плати на жртвата 5 милиони долари.

Back to top button
Close