Трансродовата ќерката на Илон Муск: Ме малтретираше бидејќи бев квир. Беше суров и нарцисоиден
Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, во четвртокот во своето прво интервју изјави дека тој бил отсутен татко кој бил суров кон неа како дете затоа што билa квир и имала женствени манири.
Вилсон (20) во ексклузивно интервју за NBC News, одговори на коментарите на Маск во понеделникот за неа и нејзиниот трансродовиот идентитет. На социјалните мрежи и во интервју објавено на интернет, Маск рече дека таа „не е девојка“ и тврдеше дека бил „измамен“ да ѝ одобри медицински третман кога била 16годишна.
Вилсон рече дека Маск не бил измамен и дека, откако првично се двоумел, знаел што прави кога се согласил на нејзината терапија за што била потребна согласност од нејзините родители.
Неодамнешните изјави на Маск ја преминаа границата, рече таа.
„Мислам дека тој претпоставувапе дека нема да кажам ништо и само ќе го оставам ова да помине без одговор, рече Вилсон во телефонско интервју. „Што нема да го направам, затоа што ако сакате да лажете за мене, на пример, отворено пред милионската публика, нема да дозволам тоа да ви помине.
Вилсон рече дека Маск не бил татко кој ја поддржувал. Дека ретко бил присутен во нејзиниот живот, оставајќи ги неа и нејзините браќа и сестри на грижата на нивната мајка или дадилките, иако Маск имал заедничко старателство, а таа рече дека Маск ја прекорувал кога бил присутен.
„Беше студен“, рече таа. „Тој многу лесно се лути. Тој е невнимателен и нарцисоиден“.
Вилсон рече дека, кога била дете, Маск ја малтретирал затоа што пманифрстира менатвени особини и ја притискал да изгледа помажествено, и и оравел притисок да го продлабочи гласот уште во основно училиште.
„Бев четврто одделение. Отидовме на ова патување за кое не знаев дека всушност е само реклама за еден од автомобилите – не се сеќавам кој – и тој постојано ми викаше бидејќи гласот ми беше претенок“, рече таа. „Беше сурово“.
Маск не одговорил на барањето за коментар.
…