Три лица загинаа во руски напад на Херсон


Во денешниот руски напад врз градот Херсон на југот на Украина загинаа тројца цивили, соопшти шефот на регионалната управа на Херсон, Олександар Прокудин.

– Шеесет и едногодишен маж е убиен попладнево во реонот на Дњепар во напад на непријателски дрон. Друг жител на градот е убиен во близина на поштата, до која одекна експлозија. Во моментов се утврдува идентитетот на човекот, соопшти Прокудин на социјалните мрежи.

Според него, во експлозијата е повреден и 45-годишен жител на Херсон кој е хоспитализиран.

Back to top button
Close