Три родилки со коронавирус во гинекологија Чаир криеле контакти, 18 медицински лица во изолација

Три родилки кои се породиле во скопската гинеколошка болница Чаир,не кажале дека имале контакт со позитивен на КОВИД-19, а потоа се докажало дека и тие имаат коронавирус. Директорот на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Башким Исмаили за СДК вели дека 18 медицински работници во моментов се во изолација бидејќи овие три пациентки не давале точни податоци кога им била правена епидемиолошката анкета.

„Една од родилките чиј сопруг бил позитивен ја откривме пред да ја однесеме во родилната сала. Веднаш со возило на Брза помош ја пренесовме на Клиниката за гинекологија. За другите две родилки дознавме дека имале позитивен член на семејството, а потоа и тие се заразиле откако беа пуштени од болница. Навистина, криењето е голем проблем со кој се соочуваме. Апелирам и ги молам родилките, но и сите други пациенти да бидат искрени при епидемиолошката анкета. Сите пациенти се потпишуваат на анкетниот лист кога ја даваат изјавата. За недавање на неточни податоци треба да се одговара“, вели директорот Башким Исмаили.

повеќе

Back to top button
Close