Турски компании сакаат да инвестираат во Македонија, но има една пречка

Турските инвестиции во земјава надминаа една милијарда евра, но има потенцијал за натамошни вложувања особено во обновливи извори на енергија. Интензивно се работи и на ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Република Турција, особено во секторот земјоделски производи, свежо овошје, зеленчук и преработена храна.

Ова беше речено на денешниот форум што го организира Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) по повод посетата на компаниите – членки на Стопанската и индустриска комора на Едрене.

-Трговската размена меѓу двете земји е во постојан раст последните пет години. Во првите девет месеци од годинава бележиме зголемување за 45 проценти во однос на истиот период лани, рече главниот трговски советник во Турската амбасада во Скопје, Огузхан Бербер.

Според претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, целта на соработката е двете земји да достигнат размена од две милијарди долари.

-Имајќи ја предвид стратешката географска позиција на РС Македонија која се наоѓа на крстосница на два главни европски транспортни коридори и претставувајќи на тој начин врска со ЕУ, Блискиот Исток и Северна Африка, а особено имајќи го предвид историскиот добар однос помеѓу двете земји, можеме да констатираме дека обемот на трговската размена е многу помал од очекуваниот. Целта кон која сме насочени е да се постигне трговска размена помеѓу двете земји со висина од две милијарди долари. Ако се вклучат сите капацитети и со добра волја и заедничка работа, заедно би можеле да ја реализираме оваа цел и тоа за кратко време, потенцира Адемоски.

Турските компании се заинтересирани за инвестиции во облата на земјоделството, но единствена пречка засега, како што беше речено, е Договорот за слободна трговија.

На турските инвестиции отпаѓаат 38 отсто од вкупните странски вложувања во земјава. РепубликаТурција е наш петти партнер во областа на инвестициите и осми партнер во областа на трговијата. Моментно, обемот на трговска размена меѓу двете земји изнесува околу 450 – 500 милиони долари годишно.

Back to top button
Close