Турскиот шеф на дипломатијата одговара на критиките за Аја Софија

Тој денеска изјави дека Аја Софија „не е прашање на меѓународни односи, туку на националниот суверенитет“.

Во интервју за НТВ, Чавушоглу ги коментираше неодамнешните расправи за евентуално повторно отворање на Аја Софија како џамија, нагласувајќи дека познатиот историски објект на почетокот служел како џамија по освојувањето на Истанбул.

Објаснувајќи дека никој не треба да ја коментира слободата на вероисповед во Турција, турскиот министер истакна дека чекорите кои се преземени во последните 20 години кон различни малцински заедници во земјата се очевидни.

Шефот на турската дипломатија упати критика за извештајот на американското Министерство за надворешни работи за религиски слободи во 2019 година, оценувајќи го како „необјективен“.

Back to top button
Close