ТВ21: Ги демонтираат шаторите на „стражата за јазикот“ пред Уставен
Шаторите кои беа поставени пред Уставниот суд денеска се демонтираат од страна на групата позната како „Стража на јазикот“.
Шаторите беа поставени како симболичен протест против иницијативите за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците.
Демонтирањето на шаторите доаѓа по денешната одлука на Уставниот суд да го одложи одлучувањето за Законот за употреба на јазиците.
Уставните судии решија прво да се одржи подготвителна седница посветена на Законот за јазици, на која ќе учествуваат експерти, универзитетски професори и претставници на политички партии.