Уапсени се двајца криминалци од Прилеп, едниот бил бегалец од затвор

МВР информира дека денеска на ул.„Борка Талески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол се заканувале на 35–годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена.

Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.

Исто така, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и напад со остар предмет на чувар во затворот во април оваа година.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close