Ученик со пиштол се заканувал на професорка, таткото го предал на полицијата

Ученик од Мешовитото средно училиште во БиХ бил уапсен под сомнение дека донел пиштол и се заканувал на професорка, а потоа побегнал, со тоа што откако слушнал што се случило, татко му го предал на полицијата, пренесуваат медиумите во регионот.

Алдина Алиќ, портпаролка на полицијата на Зеничко-добојскиот кантон, за тамошните медиуми изјавила дека според првите, прелиминарни информации, ученик од прва година извадил пиштол на час и и се заканувал на наставничката и потоа побегнал.

„Веднаш се известени сите полициски патроли. Набрзо следел повикот на таткото, кој во меѓувреме дознал за настанот и го држел во куќата, го ставил под контрола, до доаѓањето на полициските службеници“, изјавила портпаролката, пишува Аваз. Според последните информации на тамошните медиуми, рамката на пиштолот била празна во моментот кога ученикот го донел на училиште

Back to top button
Close