Украина и Русија договорија девет хуманитарни коридори за евакуација на цивилно население
Рутите ќе се користат за евакуација на луѓе од Мариупол, како и други југоисточни градови до Запорожје, но и за жители од регионот Луганск до Бахмут.
Украинските власти ги засилија своите напори да евакуираат жители и од Донбас, додека воената офанзива на Русија се префрла на исток од земјата.
Претходно, болнички воз управуван од медицинската добротворна организација Лекари без граници, евакуираше 48 ранети пациенти во Лавов на запад.