УНИБанка втора година по реде поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“

УНИБанкаАДСкопје и оваа годинаќе биде поддржувач и еден од главните спонзори на „Охридско лето“,најголемата културна манифестација во земјава.

64-тото фестивалско издание„Охридско лето“ започнува на 12 јули, а ќе трае до 20 август. Многуте концерти на класична музика, театарски претстави, изложби, национални вечери кои ќе бидат дел од овогодинешната разновидна културна програма, ветуваат богато и незаборавно културно лето.

Културатаимаизвонреднаспособностдагинадминеграницитејазикотиразличностите, ида ги поврзелуѓетоодразличнисферинаживотот. Токму поради тоа, како и минатата година, УНИБанкаАД Скопјеи оваа година е поддржувач на фестивалот „Охридско лето“. Со спонзортсвото на проекти од културата ја дефинираме нашата определба како поддржувач на позитивни иницијативи во локалната заедница,кои придонесуваат кон создавање дух на солидарност, поддршка и заедништво, и кон креирање на вистински вредностиизјави Милка ТодороваИзвршенДиректор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје.

„Охридско лето“ отсекогаш бил фестивал каде се оддава признание на уметниците, доказ за моќта на музиката да ги обединува културите од различни земји.Настан за луѓе од различни генерации, со различни интереси и професии, а за кои е заедничко дека сакаат да ги прошируваат своите хоризонти и погледи на светот.

Предвидените настани на 64-тото издание на фестивалот на класична музика „Охридско лето“ и оваа година се организирани на прекрасните и автентични отворени сцени како Античкиот театар, Долни Сарај, Предворјето на „Света Софија” и во самата катедрална црква, што дополнително предизвикува посебно чувство кај сите посетители.

Заедно со УНИБанкауживајте во богатата програма на „Охридско лето“.

 

Back to top button
Close