УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) денеска го осуди воздушниот напад врз градинка во бунтовничкиот етиопски регион Тиграј, во кој беа убиени и ранети деца. Ова е прва меѓународна потврда дека градинката е погодена.

Претставник на болницата во градот Мекеле изјави дека четири лица загинале, меѓу кои две деца, а девет се ранети во нападот. Државната телевизија објави дека се убиени „седум цивили, меѓу кои три деца”.

Извршниот директор на УНИЦЕФ Кетрин Расел на Твитер објави дека „децата уште еднаш платиле висока цена за ескалацијата на насилството во северна Етиопија”.

Борбите продолжија во средата во северна Етиопија, со што заврши петмесечниот прекин на огнот меѓу федералната влада и бунтовничките власти.

Back to top button
Close