Вицепремиерот Османи со претседателката на косовското Собрание во посета на Музејот „Блаце ’99“

 

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи присуствуваше на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово, во рамки на кое заедно со Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи го посетија Музејот „Блаце’99”.

“Денешниот ден –  12 јуни, е ден кој претставува симбол на слободата и правдата, ден кој не само што го одбележува крајот на геноцидот, туку го одбележува и фактичкото ослободување Косово. Ден кој воедно претставува одбележување на еден дел од нашата заедничка историја – период кој сум уверен дека  го оставаме зад нас; но и период и настани на кои се сеќаваме затоа што нè потсетуваат колку е скапа слободата” – истакна Османи, при што нагласи дека овој ден не поврзува и како народи и како најблиски соседи.

“На денешен ден пред 21 година преку 50 илјади припадници на НАТО почнаа да се распоредуваат на Косово, во најголем дел преку територијата на Република Северна Македонија, а ; три дена претходно, токму во Куманово беше потпишан воено – техничкиот договор со кој оваа операција беше одобрена – додаде Османи.

Во овој контекст тој потенцираше дека овие настани претставуваат и пресвртни точки во изградбата на новата реалност – Република Косово е независна држава, респектабилен партнер и сојузник на западните сили; земја која незапирливо се движи кон членството во НАТО и Европската Унија.

“Нашите народи не ја споделуваат само заедничката историја, туку ја очекуваат и нивната заедничка успешна и просперитетна иднина. Затоа Косово и неговите граѓани треба да сметаат на нашата поддршка во остварувањето на нашите заеднички цели, европските и евроатлантски амбиции- Нека е честит денот на ослободувањето! ” – порача Османи.

 

_________________________________________________________________________________________

 

Back to top button
Close