(ВИДЕО) Бред Пит и Пенелопе Круз снимија кампања за Шанел

Бред Пит и Пенелопе Круз како дел од кампања на Шанел се појавија како вљубен пар во црно-бел филм.

Филмот е омаж на Маж и жена (Un homme et une femme) на Клод Лелуш од 1967.

Филмот и клипот се сместени во Довил, францускиот приморски град каде што легендарната Габриел „Коко“ Шанел го отвори својот прв моден бутик во 1913 година и инспирација за есенската колекција на креативната директорка Виржини Виард. Круз.

Оригиналниот филм освои неколку награди, вклучително и Гран при на Канскиот филмски фестивал во 1966 година и две награди Оскар, за најдобар странски филм и најдобро оригинално сценарио.

„Снимањето за Шанел траеше два дена и одлично се забавувавме. Беше одлично“, изјавила Пенелопе за Вог. Ревијата на Шанел на модната недела во Париз беше отворена со видеото.

Back to top button
Close