ВИДЕО: Брод се насука на еден фински остров, патниците не се загрозени

Патнички брод со повеќе од 400 лица се насука денеска на финските острови Аланд во Балтичкото Море, а патниците не се животно загрозени.

Финската крајбрежна стража информира дека бродот е насукан странично, но дека животот на луѓето не е во непосредна опасност, јави Би Би Си.

Бродот „Викинг Грејс“ се насука во близина на пристаништето Мариехамн, во сопственост на компанијата Викинг Лајн и се движеше кон главниот град на Шведска – Стокхолм од Турку, Финска.

Засега не е позната причината за инцидентот.

Back to top button
Close