ВИДЕО: “Ќе им оставиме бакшиш” Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Вицепремиерот и министер за политички систем од редовите на ДУИ, Артан Груби утрово на прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер и на албанската опозиција и порача да ги депонира оставките.

„Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“, рече Груби.

 

 

Back to top button
Close