(ВИДЕО) Германските земјоделци „ја парализираа“ државата – Речиси и да нема град без блокади

Како што пишува Дојче веле, овој понеделник практично ниту еден дел од Германија нема да функционира нормално. Ќе има илјадници трактори на патиштата – во она што германските земјоделци го нарекуваат најголемиот протест во историјата.

Билд објави мапа со градови и автопати чии блокади се најавени – списокот е долг. Властите ги повикаа граѓаните да користат железнички превоз во понеделник и да се откажат од возењето, работодавачите им порачуваат да работат од дома секаде каде што е можно, училиштата ќе го оправдаат отсуството на децата од наставата

Back to top button
Close