(ВИДЕО) Груби седна на обвинителна клупа
По повеќемесечната истрага, случајот „Државна лотарија“ денеска влегува во судска фаза. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска Груби и уште седум обвинети седнаа на обвинителна клупа. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.
Груби е обвинет во предметот поврзан со Државна лотарија. Обвинителството тврди дека како претседавач со владината седница овозможил на дневен ред да биде ставена и изгласана точка поврзана со спорната набавка.
Сепак, одлуките на Владата се носат колективно, односно со гласање на министрите, додека Деловникот за работа на Владата предвидува дека генералниот секретар ги организира и ги подготвува седниците. Но, освен Груби, никој друг од тогашната Влада не е осомничен.
Во истиот предмет обвинет е и Прпарим Бајрами, поранешен генерален директор и претседател на Управниот одбор на Државна лотарија, кој е во бегство уште пред Груби.






