ВИДЕО: Италијанскиот претставник шмркаше кокаин во живо на Евровизија?

Победата на Италија на Евровизија падна во сенка откако зовреа социјалните мрежи поради еден спорен момент кој сите можеа да го видат на малите екрани.

По финалето кружат обвинувања дека пејачот Демијан Дејви конзумирал кокаин и тоа пред камерите.


Тој негира, а се огласи и неговата група „Манескин“ преку Инстаграм.

-Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијан користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија и сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Ве сакаме, стои во соопштението на групата „Манескин“.

 

Back to top button
Close