Срџан Амет тивката сила зад успехот на Митровиќ

Митровиќ најавува спектакуларни open air настани – Aura Dominion подготвува ново поглавје на електронската сцена
Македонската електронска сцена наскоро би можела да добие нова димензија. Според информации до кои дојдовме, Митровиќ, заедно со Баже Колев, подготвуваат серија спектакуларни open air настани кои ќе бидат посветени на љубителите на техно и хаус музиката.
Иако првичните планови беа првиот голем настан да се одржи порано, поради летните одмори организаторите одлучиле стартот да биде поместен за септември, кога се очекува значително поголема посетеност и уште подобра атмосфера.
Според нашите сознанија, Aura Dominion има амбиција да прерасне во препознатлив симбол на македонската електронска сцена, носејќи врвна продукција, современ звук и незаборавни open air искуства.
Во разговор со организаторите дознаваме дека ова е само почеток. Во план се бројни настани во текот на периодот што следува, а целта е Aura Dominion да стане еден од најпрепознатливите брендови за техно и хаус музика во регионот.

Срџан Амет е адвокат со повеќе од 20 години професионално искуство и име кое е препознатливо во правните кругови. Во текот на својата кариера има работено на бројни домашни и европски проекти, особено во областа на развојот на граѓанското општество, човековите права, едукацијата и јакнењето на институционалните капацитети. Неговото искуство опфаќа подготовка и реализација на обуки, менторство, правно советување и учество во иницијативи насочени кон унапредување на еднаквите можности и јавната свест.

Покрај работата во адвокатурата, Амет е активен и во граѓанскиот сектор, каде што со години придонесува во реализација на проекти со национално и меѓународно значење. Неговиот професионален пристап, искуството стекнато преку европските програми и посветеноста кон работата го прават еден од поискусните правни професионалци во својата област.
**Во јавноста е познат и како долгогодишен близок пријател и правен застапник на легендарниот Зоки Фаци, со кого го поврзуваше взаемна доверба и долгогодишна соработка. Денес, Срџан Амет ешто стои зад новите проекти на Митровиќ, обезбедувајќи правна поддршка и стратешки придонес во реализацијата на амбициозните планови, меѓу кои е и проектот „Night Ritual“, кој има за цел да стане препознатлив бренд на електронската музичка сцена.






