На 37-годишна возраст почина Лорен Бенет, позната по хитот „Party Rock Anthem“

На само 37-годишна возраст почина Британската пејачка Лорен Бенет, позната по заедничкиот хит „Party Rock Anthem“, со дуото ЛМФАО“, соопшти вчера нејзината поранешна група ГРЛ.
„Со голема тага ја споделуваме веста за смртта на нашата сакана Лорен. Нашите срца се скршени и не можеме да опишеме колку многу ни значеше“, се наведува во соопштението на групата.
Причината за смртта засега останува во тајност. Групата се воздржа од дополнителни коментари пред медиумите.
Лорен Бенет стекна светска слава во 2011 година со песната „Party Rock Anthem“. Мелодијата шест недели беше на врвот на листата на Билборд. Групата ГЛР е основана во 2011 година. Нејзини најпознати песни се „Ugly Heart“ и „Wild Wild Love“, снимена во соработка со раперот Питбул. мв/






