(ВИДЕО) Итна евакуација на Лувр -Расте паниката по нападот од исламистите. Луѓето бегаат по улиците

Франција е во состојба на готовност еден ден по нападот на исламистите во Арас.

Музејот Лувр во Париз одлучи да ги евакуира посетителите и да ги затвори вратите на 24 часа „од безбедносни причини“

„Лувр доби писмена порака со предупредување за ризикот за музејот и неговите посетители. Решивме да го евакуираме и затвораме за тој ден, додека ги вршиме потребните проверки“, изјави портпаролот на музејот на Твитер.

Како што може да се види на снимката од Лувр, луѓето панично трчаат да го напуштат Лувр што поскоро, а пред музејот се создаде голема гужва.

Back to top button
Close