Видео: Израел најави дека ја интензивира офанзивата на копнената армија во Газа
Портпаролот на израелската Армија денеска изјави дека Израел ја засилува својата офанзива во Појасот Газа со пешадија и оклопни возила, поддржани од, како што рече, „обемни“ воздушни и морски напади, пренесе Бета.
Контраадмиралот Даниел Хагари рече дека израелските сили „ја продолжуваат војната“.
Претходно денеска војската објави видео снимка на која се гледаат низи оклопни возила кои бавно се движат низ отворениот песок на Газа како прва визуелна потврда за влезот на копнените сили. Во претходните денови Армијата вршеше ноќни напади на копнената војска и набрзо се врати на територијата на Израел.
Convoys of Israeli soldiers and artillery pouring in on the northeastern corner of #Israel’s border with #Gaza tonight. Behind them, the relentless booms of outgoing airstrikes and artillery. pic.twitter.com/Sxk3noQ7UX
— Leila Molana-Allen (@Leila_MA) October 27, 2023
Војската објави не многу технички јасни слики од тенкови колони кои се движат низ делови на Газа и рече дека нејзините воени авиони бомбардирале десетици тунели и подземни бункери на Хамас во текот на ноќта. Ова укажува на интензивирање на кампањата за уништување на палестинската група која е на власт во Појасот Газа, по нејзиниот крвав упад на југот на Израел пред три недели.
Првата видео потврда за присуството на копнените сили и силното бомбардирање на подземни цели се нов знак дека Израел е се поблиску до општа инвазија на Газа, пренесе Бета.
Портпаролот на израелската армија Хагари доцна синоќа изјави дека копнените сили ги „прошируваат своите активности“ во Газа и дека дејствуваат „со голема сила… за да ги постигнат целите на војната“.
Израел собра стотици илјади војници долж границата пред очекуваната поширока копнена офанзива.