(ВИДЕО) Караисмаилоглу му удри шлаканица на Бозан – Се степаа пратеници во турскиот парламент
Турскиот парламентот на Турција се претвори во бојно поле откако изби тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и прокурдската Партија на народна демократија и еднаквост (ДЕМ). На расправа пред пратениците беше предлог-закон за реформа на даночниот систем.
Пратеникот Али Бозан од прокурдската партија го нарече поранешниот министер за транспорт, Антил Карајмаилоглу, „крадец“.
#SONDAKİKA | Eski Ulaştırma Bakanı ve AK Parti milletvekili Adil Karaismailoğlu, “hırsızsınız” diyen DEM Parti Milletvekili Ali Bozan’a TBMM’de yumruk attı. pic.twitter.com/tUeTJJqlTR
— BPT (@bpthaber) July 24, 2024
Тогаш Караисмаилоглу, губејќи ја самоконтролата, му удрил шлаканица на Бозан, го фатил за јакната и потоа го удрил. Пратениците на кемалистичката Републиканска народна партија (ЦХП) се обидоа да ги спречат инцидентите, но пратениците на АКП продолжија со тупаници и клоци да го удираат Бозан.
Поради инцидентот, пленарната седница беше прекината за 40 минути.