(ВИДЕО) Кети Пери ја бакна земјата – женскиот екипаж во ракетата на Џеф Безос по 11 минути се врати од вселената
Ракетата „Њу шепард“, произведена од компанијата на милијардерот Џеф Безос, „Блу ориџин“, со целосно женска екипа, слета на Земјата по 11 минути лет во вселената.
Шестчлената женска екипа, вклучувајќи ја и поп-ѕвездата Кети Пери и партнерката на Безос, Лорен Санчез, слета во Тексас каде што ги пречека тим кој ќе им помогне да закрепнат, јавува Би-би-би.

Британската служба наведува дека во моментот се наоѓаат во капсулата која ги вратила во Тексас и чекаат да се отвори вратата, а пред неа е сопственикот на „Блу ориџин“, Џеф Безос.
Настанот во живо го следеа Опра Винфри, нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, Клои Кардашијан и Крис Џенер.
Опра заплака додека го гледаше историскиот лет.
Откако ракетата ја допре земјата и екипажот излезе од неа, Лорен Санчез побрза да го прегрне својот вереник Џеф Безос, за кого ќе се омажи во јуни во Венеција.
Кети Пери ја бакна земјата, носејќи бела роза во раката, во чест на нејзината ќерка Дејзи, која исто така беше во публиката. Таа го зеде овој цвет во космосот во чест на своето дете.
По Кети и Лорен, од авионот излегоа Аманда Нгуен и Ајша Боу, а по неа и Гејл Кинг, која падна на колена и ја бакна земјата. Керијан Флин излезе последна, кревајќи ги рацете и навивајќи.
Ова е прва експедиција со целосно женски екипаж од советската мисија во 1963 година, а како што се предвидуваше, ракетата ја премина таканаречената линија Карман, меѓународно признатата височина на која започнува вселената.
Покрај Пери, во ракетата „Њу шепард“ се и водителката Гејл Кинг, новинарката и партнерката на Џеф Безос, Лорен Санчез, ракетниот научник Ајша Боу, активистката за граѓански права Аманда Нгуен и филмската продуцентка Кериен Флин.
Станува збор за автоматизирана ракета на која не ѝ треба пилот. Така, екипажот жени всушност биле само патници и немале контрола над летот, кој траел околу 11 минути.