ВИДЕО: Кој сакаше да му фрли вода на Џафери?

Несогласувања помеѓу пратениците на Коалицијата Алијанса и Алтернатива и ДУИ, на денешната собраниска седница, каде се расправа за одложување на пописот на населението. Спикерот на собранието Џафери му се обрати на пратеникот Елми Азири од Алијанса, бидејќи како што рече слушнал дека му кажал да му биде фрлена вода, а Азири негираше.

„Доколки вие тоа не сте го кажале, тогаш се извинувам, слушнав дека некој кажа да ми биде фрлена вода, нека повели“, рече Џафери.

Претходно координаторот на ААА Скендер Реџепи ги повика пратениците од ДУИ да не го поддржат законот за одложување на пописот, бидејќи како што рече бил штетен за албанците.

Back to top button
Close