Видео: Косовската полиција прикажа што запленила од групата во Бањска
Косовската полиција заплени голем арсенал оружје на терористичката група која во неделата нападна припадници на косовската полиција во селото Бањско во Звечан, каде беше убиен полицаецот Африм Буњаку.
Во бројки полицијата вчера запленила 1 тежок блиндиран автомобил, 24 други автомобили и 2 мотоцикли 4×4.
Најголем број оружје се експлозиви, 150 парчиња експлозив, динамит, 23 електрични детонатори, близу 20 пригушувачи за АК47 и над 230 магацин за АК47.
Покрај оружјето, пронашле и други алатки за работа, шипки, лопати, копачи и рачни пили – околу 50.
Оваа бројка, која досега е пронајдена, во меѓувреме може да се зголеми додека не се избројат и предметите пронајдени денес.
Други пронајдени предмети:
4 безбедносни камери, 3 дронови, 30 пушки АК47, 6 митралези, 29 наполнети патрони, 21 панцир 32 радија и 150 воени униформи.
Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла на прес-конференција потврди дека еден од запленетите автомобили Мерцедес Бенз Г класа, со натпис „КФОР“ е на потпретседателот на Српската листа, Милан Радојичиќ, по кого косовската полиција трага.
📢
Ova količina oružja koja je juče zaplenjena na Kosovu od napadača, zajedno sa 20 džipova, nije imala nikakve šanse da postoji bez znanja Bezbednosno informativne agencije Srbije i lično aleksandra vučića. A na Kosovo nema šanse da uđu bez znanja i podrške Srbije i gospodara… pic.twitter.com/jefnyKRyk8— Advokat Čedomir Stojković 🇷🇸🇺🇦 (@FIGHT_4_RIGHT_S) September 25, 2023