ВИДЕО: Не знаеше дека сум позитивен кога отиде во болница – тврди свекорот на родилката која на ГАК не кажала за контакти со заболен и чија изјава е украдена на клиниката

Од досието во скопска Гинекологија изчезна изјавата која ја потпишала родилката вечерта на 6-ти јуни кога била примена и со која не пријавила дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид 19 . Наместо да работиме денеска бараме изјави од вработените за да докажеме нешто што е се гледа и на камерите. Не може да примиме пациентка во одделот за здрави родилки доколку кажала дека има симптоми, вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.

Медицински лица треба да ги поучуваат другите граѓани, а не и тие да кријат податоци и да ги загрозуваат докторите, изјави директорката на Гинекологија.

Свекорот на родилката кој работи како просветен инспектор во телефонски разговор за Телма тврдеше и дека се заразил на работното место од друг колега, а не поради непочитување на мерките и недозволено групирање. Негираше дека неговата снаа криела податоци. Тој тврди дека кога била примена во болницата ниту таа ниту тој знаеле дека тој е позитивен на Ковид 19 затоа што резултатите ги добил наредниот ден на 7 ми јуни. Не сакаше да коментира за украдениот документ од гинекологија и најави дека дополнително неговата фамилија преку медиумите ке се изјасни во случајот.

Родилката која е дипломирана на Медицински факултет сама се испишала од Гинекологија и отишла на породување со царски рез во приватната болница Ре медика исто без да пријави заболен од семејството. 4-ца лекари од приватната болница се во самоизолација.

Попладнево потпишала изјава си заминала од инфективната клиника, потврди за Телма директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова Бухова кој рече дека инспекторатот чека болницата да им испрати податоци за пациентката за да и достават решение за домашно лекување и изолација на лице позитивно од Ковид 19.

Back to top button
Close