(Видео) Неготинци го дочекаа хеликоптерот на Серта со: Браво, браво!

Еден хеликоптер пред малку дојде да интервенира на пожарот на Серта, кој денес на пладне го загрози Калањево.

Градоначалникот на Неготино, д-р Горан Стојанов, како и локални жители кои учествуваат во гасењето на пожарот јавно апелираа да се испрати помош во вид на воздухоплови, бидејќи селото беше во голема опаснот.

-Еден хеликоптер е, но има добра координација. Полни вода од Мантово, па пак се враќа назад. Ова е олеснување за сите, се надеваме дека конечно ќе се локализира пожарот, за ,,Фокус” велат мештаните.

Додека хеликоптерот гаси, граѓаните снимаат и коментираат – Браво, браво!

Back to top button
Close