(Видео) Нов протоколарен гаф на Сиљановска – Давкова

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска направи протоколарна грешка при посетата на Министерството на одбрана и Генералштабот на Армијата.

Имено, Давкова прво не застана во линија со министерот за одбрана и со началникот на Генералштабот на Армијата, туку исчекори еден чекор понапред.

Потоа, наместо по протокол да остане во линија со своите двајца домаќини, Давкова се заврте накај оркестарот, оддавајќи впечаток дека треба да им диригира на членовите на воениот оркестар.

Инаку и при стапувањето на функцијата претседател, Давкова го имаше промашено редоследот на завртувањето кон државното знаме и гардата, но тогаш ѝ помогна нејзиниот претходник Стево Пендаровски.

текст и видео  24 инфо.мк

Back to top button
Close