(ВИДЕО) Обновената катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите пет години по пожарот
Париската катедрала Нотр Дам денеска повторно ги отвора вратите, реставрирана од разорниот пожар кој пред пет и пол години за неколку минути ја уништи кулата, покривот и целото готско ремек-дело.
Средновековната катедрала стара 860 години, симбол и на Франција и на Париз, е макотрпно реставрирана, со нова кула и ребрест свод, летечки потпори и врежани камени гаргои, а украсите од белиот камен и златото блескаат посветло од кога било.
Вечерта на 15 април 2019 година, Парижаните кои побрзаа на местото на настанот и ТВ гледачите ширум светот во ужас гледаа како кулата и покривот на катедралата се уриваат во бесен пожар што ги загрозува главната камбанарија и целата структура. За влакно беше избегнато уништување.
„Планетата беше потресена тој ден“, рече францускиот претседател Емануел Макрон пред церемонијата на денешното отворање.
„Потресот од повторното отворање, верувам и сакам да верувам, ќе биде силен како оној од пожарот, но ќе биде шок на надежта“ порача тој.
Макрон, ослабен од длабоката политичка криза во земјата, ќе има можност да заборави на тие неволји кога ќе ги пречека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, британскиот принц Вилијам и десетици шефови на држави и влади, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Свеченото отворање треба да започне околу 19:00 часот (18:00 GMT).
Доцна во петокот, канцеларијата на Макрон и Париската епархија објавија можност прославата целосно да се одржи внатре во катедралата поради очекуваните силни ветрови, при што првично се очекуваше Макрон да го одржи својот говор надвор.
Според информациите од кабинетот на Макрон, за реставрацијата на катедралата „се слеале толку многу пари од целиот свет – повеќе од 840 милиони евра (882 милиони долари) – што остануваат уште средства за понатамошни инвестиции во зградата.”Католичката црква очекува околу 15 милиони луѓе да ја посетуваат катедралата годишно.
The magnificently restored interior of the Notre-Dame Cathedral. pic.twitter.com/aGrXcWWIFn
— Architecture & Tradition (@archi_tradition) December 5, 2024
Од Катедралата велат дека од денеска ќе може да се резервираат бесплатни билети онлајн на нивната веб-страница, како и на профилот на социјалните мрежи или специјална апликација за независни посети за да се влезе истиот ден или ден или два по резервирањето.
За оние кои сакаат да влезат без резервација, ќе има редица за влез. Групите ќе добијат пристап следната година, од февруари или јуни 2025 година.Париската катедрала Нотр Дам денеска повторно ги отвора вратите, реставрирана од разорниот пожар кој пред пет и пол години за неколку минути ја уништи кулата, покривот и целото готско ремек-дело