(Видео) Пожарот во Франција се шири, илјадници луѓе принудени да се евакуираат

Голем шумски пожар што избувна во близина на Аркашонскиот Залив во францускиот департман Жиронда продолжува да се шири, зафаќајќи површина од околу 2.000 хектари. Поради опасноста, речиси 12.000 луѓе се евакуирани како превентивна мерка.

Француските власти утрово наредија евакуација на уште околу 7.000 лица. Мерката опфаќа шест кампови и една станбена населба северно од Кап Фере, популарно туристичко место во текот на летната сезона, објави „Фигаро“.

Според префектурата, уште синоќа од загрозеното подрачје биле евакуирани најмалку 4.600 жители и туристи од домовите и сместувачките капацитети.

Надлежните служби и понатаму се борат со огнената стихија, а властите внимателно ја следат состојбата и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите за евакуација.

Back to top button
Close