ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Марјан Ѓорчев: На премолчаните вистини градевме односи со Бугарија, чкрапалото го притисна преспанскиот договор

Марјан Ѓорчев, пратеник, поранешен министер, поранешен амбасадор и стопанственик е гостин во денешното издание на „Политиканти“, Сашо Орданоски и Борјан Јовановски разговараа со еден од ветераните на ВМРО-ДПМНЕ за тоа како партијата избра претседателски кандидат, за односите со Бугарија и можните начини за решавање на ова горливо прашање, како и за споредбата со Преспанскиот договор.

Дали Договорот за добрососедство ги уништи шансите Македонија и Бугарија да најдат заеднички јазик? Како евентуална влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати со уставните измени? Дали историјата се решава со политика и зошто за ВМРО-ДПМНЕ е проблем постоењето на историската комисија се прашањата на кои домаќините и гостинот се обидоа да дадат одговор.

За ова и многу повеќе во новото издание на подкастот Политиканти.мк на Слободен печат.

Back to top button
Close