(Видео) Се јави Кастриот Реџепи: На сигурно сум, Касами да не се грижи

Пратеникот Кастриот Реџепи кој денеска не дојде во Собрание и не го обезбеди потребното мнозинство за кворум на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, попладнево објави видео обраќање на својот Фејсбук профил.

Обраќањето беше само на албански јазик, а меѓудругото на тој му испрати порака на лидерот на неговата партија, Беса, Биљал Касами дека е на сигурно и да не се грижи.

следува и преводот на македонски јазик

 

 

„Ви благодарам на сите за поддршката. Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се. Билал Касами и другите, да не се грижат за мене.

Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија.

Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-Aлбанците. Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои индивидуи, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите.

До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија“, вели Реџепи.

 

 

Back to top button
Close