ВИДЕО: Се разгорува војната на Блискиот исток: Израел ја нападна Сирија

Сириските медиуми пренесуваат дека Израел извршил напади врз Сирија. Според информациите, бомбардирани се аеродроми во Дамаск и Алепо.

Веста ја потврди и „Гардијан“.

Локалните медиуми наведуваат и дека реагирала сириската противвоздушна одбрана, додека на социјалните мрежи се споделува информација дека се оштетени пистите на тие два аеродрома.

Се наведува и дека на пат за Сирија бил иранскиот министер за надворешни работи, чиј авион веднаш излегол од планираната рута и се упатил назад кон Техеран.

Back to top button
Close