ВИДЕО: Силен земјотрес го погоди Тајван: Расте бројот на жртви
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајванскиот остров, по што уследија серија помали потреси.
Најсилниот потрес беше со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а Јапонија веднаш издаде предупредување за цунами на нејзините јужни острови.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен.
🔵#Taiwan Doppia scossa di #terremoto nella notte: 7,4 e 6,5 le magnitudo registrate a sud-est di Hualien City, a sud della capitale. Segnalata 1 vittima e 50 feriti, crollati alcuni edifici. pic.twitter.com/G0hxHOWVSc
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) April 3, 2024
На граѓаните на Тајван и јужните делови на Јапонија првично им беше издадено предупредување за цунами и им беше препорачано да се евакуираат на повисоките места, поради брановите кои се очекува да достигнат висина од три метри. Во меѓувреме, предупредувањето за цунами е повлечено.
Денешниот земјотрес е, инаку, најсилниот што го погодил островот во овој век.
Оштетени згради и куќи се пријавени во округот Хуалиен, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Припадниците на армијата беа испратени на терен за да им помогнат на настраданите, а училиштата и многу работни места беа затворени по земјотресот.
Едно лице загина а повеќе од 50 луѓе се повредени, во земјотресот, потврди тајванската Национална противпожарна агенција
Десетици луѓе се заробени во урнатините на зградите, по големиот земјотрес што го погоди Тајван
Според Националниот команден центар за вонредни состојби (CEOC), најмалку 26 згради се урнале во земјотресот, а во седум од нив луѓе останале заробени.
Најмногу урнати згради, 15, има во областа Хуалиен, која е најблиску до епицентарот на земјотресот.
Во моментов без струја се 91.000 домаќинства, а прекинати се и некои железнички линии на истокот од земјата.