(ВИДЕО) Скопје 1: Мијалков снимен во Монте Карло со луксузниот автомобил – како ужива во животот и парите

Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред скап хотел, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа.

Според цените кои се споделени онлајн, автомобилот на Мијалков, зависно од годината, може од $629,990 to $709,900. Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува со женска личност во хотел, пишува порталот.

И во минатото се зборуваше дека Мијалков е имотен во Монако. Со плата во просек по околу 70 илјади денари месечно успеа да стигне до имот вреден 30-тина милиони евра. Тој е еден од ретките Македонци кој се поврзува со таа земја. Таму студираше и неговиот син.

Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа. (Скопје1)

Back to top button
Close