ВИДЕО: Верниците без маска го бакнуваат ковчегот на патријархот Иринеј

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска соопшти дека за време на молитвата за испраќање на патријархот Иринеј, што ќе се одржи во Соборниот храм на Светиот архангел Михаил и во Спомен-црквата Свети Сава во Врачар, СПЦ строго ќе се придржува до мерките пропишани од надлежните државни органи.

Сепак, на фотографиите и снимките од Соборниот храм во Белград се гледа дека ретко кој од граѓаните има маска, и дека крстот и покровот над покојниот патријарх Иринеј се бакнуваат.

Верниците уште од вчера се збогуваат со патријархот, но она што за жал е проблематично во времето на коронавирусот е тоа што тие не се придржуваат кон епидемиолошките мерки.

На фотографиите може да се види дека растојанието меѓу луѓето не постои, дека голем број од нив не носат маска и дека луѓето го бакнуваат покровот што го покриваше покојниот патријарх Иринеј, како и ковчегот.

Back to top button
Close