Витаминот Бе1 е важен за нашиот организам, каде го има најмногу?

Тиамин (витамин Бе1) е есенцијален нутриент којшто на сите ткива во нашето тело им е потребен за правилно функционирање.

Витамин Бе1 е првиот витамин од Бе комплекс којшто научно е откриен. Поради тоа неговото име го носи бројот 1. Како и другите витамини Бе, тиаминот е растворлив во вода и му помага на телото да ја претвори храната во енергија. Овој молекул којшто ја пренесува енергијата во внатрешноста на клетките исклучително ни е важен за правилно функционирање.

 

Недостатокот на тиаминот може да влијае на многу различни функции на нашето тело, од нервен систем, срце до мозок. За среќа, недостатокот на тиаминот е невообичаен во развиениот свет и реткост кај здравите возрасни лица. Почест е кај луѓето со специфични здравствени состојби, пренесува „Healthline“.

 

Услови кои можат да го намалат нивото на витаминот Бе1 се:

– алкохолизам;

– Кронова болест;

– Анорексија.

 

 

Поголем дел од луѓето може да го добијат витаминот Бе1 кој им е потребен од храната.

 

Каде се наоѓа витаминот Бе1:

– свинско месо;

– Грашок;

– Ореви;

– Грав;

– Соја;

 

– Житарици од цело зрно;

– Леќа;

– Мешунки;

– Ориз;

– Квасец

Back to top button
Close