Владата дозволи непречен транзит на странски државјани низ државата, ќе треба да ја поминат за најмногу 5 часа

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 66-та седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

Сите одлуки можете да ги прочитате тука.

Поврзано:

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез или корона тест или државен карантин

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close