Властите на Мелбурн одлучија -Нема излегување од дома без маска

Вториот најнаселен град во Австралија, Мелбурн, воведе задолжително носење маска среде ширењето на коронавирусот, објави премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјус.

Викторија, чиј главен град е Мелбурн, потврди 363 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а три лица починале.

Мелбурн неодамна повторно беше ставен во строг карантин и на петте милиони жители им е дозволено да излегуваат од дома само за суштински работи.

„Носењето маска ќе биде задолжително за сите кои излегуваат од дома. Повеќето од нас не би излегле од дома без мобилен телефон или клучеви од автомобил. Отсега нема да можете да излегувате од дома и без маска. Тие се суштински за спречувањето на ширењето на коронавирусот“, изјави Ендрјус.

Оние што ќе бидат фатени без маска ќе бидат казнети со 140 долари.

Back to top button
Close