Вмровските портали со напади кон функционерите кои бараат Мицкоски да си замине по поразот

Дали Мицкоски преку порталите блиски на ВМРО-ДПМНЕ го возвраќа ударот откако видни поранешни и сегашни функционери на партијата бараат негова оставка по поразот на предвремените парламентарни избори?

Во текст под наслов „Очајнички обид на Мијалков да го преземе ВМРО-ДПМНЕ, преку Никола Попоски“, порталот Лидер го обвинува поранешниот министер за надворешни работи од редовите на оваа партија дека работи за Сашо Мијалков и дека е дел од неговиот обид за преземање на опозициската партија.

Попоски во колумна анализираше зошто партијата не успеала да извлече добар резултат на изборите.

Претходно и 8-темина пратеници од независната пратеничка група која произлезе од ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Мицкоски и од ова раководство а прв ова го побара градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Back to top button
Close